spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Поддршка во создавање на Сектори со Функција на примена на јазиците...

МИОА: Поддршка во создавање на Сектори со Функција на примена на јазиците во Државните институции

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, беше поканет на церемонијата на доделување на сертификати, за присуство на обука за превод и лектoрирање од македонски на албански и од албански на македонски јазик, организирана од Агенцијата за примена на јазиците.

Како резултат на исполнувањето на обврската што произлегува од Законот за примена на јазиците, сите институции во земјата треба да креират нови организациони облици и работни места.

Министерството за информатичко општество веќе го создаде своето одделение со цел примена на јазикот, и е посветено и подготвено да ја помогне и поддржи секоја институција во земјата да ги создаде овие сектори.

“Во исто време, ја користам оваа прилика да им честитам на сите вработени кои присуствуваа на оваа важна обука, која е многу неопходна за нивниот професионален развој”, рече Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Пробиштип: СООПШТЕНИЕ – Ларвицидна дезинсекција против комарци и Дератизација против глодари

0
Врз основа на препораките на Министерството за Здравство за заштита на населението од заразни болести и програмата за општи мерки за заштита на населението...