spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: Избирање на локации и...

МЗШВ: „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: Избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со претставникот од Делегацијата на Европската Унија, Костас Супилас, амбасадорот на Кралството Шпанија, Emilio Lorenzo Serra,  претставници на конзорциумот кој го спроведуваше проектот, претставници на здруженија на земјоделци и други соработници на Министерството, учествуваше на заврешен настан по повод успешна реализација на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: Избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба“.

 

Овој проект е дел од ИПА програмата на Европската Унија, со која е обезбеден пристап до проекти за наводнување. Идентификувани се 8 локации со големина до 300ха, како локации на кои им е најпотребно наводнување и каде се очекуваат најголеми позитивни ефекти. Изработени се основни проекти за мали системи кои треба да се градат во иднина и за кои е обезбедено финансирање.

„Анализите на влијанието на климатските промени врз земјоделскиот сектор укажуваат на ограничувања во земјоделското производство поради дефицитот на вода и појавата на периодична суша, како и зголемување на микрорегионите со сува клима и зачестени климатски непогоди со изразито силни врнежи и град, кои предизвикуваат штети врз земјоделското производство. Како резултат на климатските промени, во 2025 година се очекува драстично намалување на приносите во погодените географски области и култури. Тоа пак води кон намалена снабденост со храна, намалување на сточарското производство и зголемен дефицит на млечни и месни производи. Следствено на сето ова, наводнувањето е од огромно значење за опстанокот на земјоделското производство и агро-биодиверзитетот. Земајќи предвид дека значителен дел од руралното население егзистенцијално зависи од приходите од земјоделството, руралните заедници се особено ранливи. Затоа потребно е да се подобри наводнувањето, вклучувајќи и мали системи за наводнување, токму за оние земјоделци кои од тоа живеат а немаат пристап до вакви системи“ изјави министерот Хоџа. Тој потенцираше дека доминантен корисник на водата како природен ресурс е земјоделскиот сектор, кој за наводнување користи 900 милиони м3 или 46%, но тоа е една од најниските стапки во регионот, што значи дека постои потенцијал за поголема искористеност на водните ресурси за овој сектор.

Голем дел од обработливото земјиште е расцепкано на мали парцели и повеќето земјоделски стопанства имаат мешано производство на површина помала од 1 ha. Токму тие земјоделци, со мали парцели се најралнивата група во случаите кога немаат пристап до наводнување, и токму тие се крајни корисници на овој проект.

 

Во целиот овој процес, поддршката од Европската Унија има исклучително висока улога во реформите, зајакнувањето и усогласувањето со ЕУ регулативите. Нашата аграрна политика, поприма значителни елементи на соодветната Заедничка аграрна политика на Европската Унија, која има за цел да обезбеди повисок животен стандард на земјоделците, стабилност и сигурност во обезбедување на храна, како  и заштита и развој на руралните области.

 

Преку активностите на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: Избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба“ се створија услови за зголемување на наводнуваните земјоделски површини за 1600 хектари на национално ниво, со директно позитивно влијание на  1380 земјоделци и нивните семејства кај кои ќе се ублажат последиците од неповолните временски влијанија, ќе имаат можност да одгледуваат подоходовни земјоделски култури и да ги зголемат приходите барем двојно, да бидат поконкурентни на пазарите, а истовремено да чувствуваат сопственост врз системите кои сами ги ќе управуваат.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте