spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Поврзувањето со платформата за интероперабилност е неопходност за секоја институција

МИОА: Поврзувањето со платформата за интероперабилност е неопходност за секоја институција

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири  одржа работна средба со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири.

За време на состанокот, министерот Шаќири му ги предаде на директорот Демири потврдите за интеграција на АВРСМ во системот на Централниот регистар на население. Оваа институција сега ќе има директен пристап до податоците на Централниот регистар на население.

Со вклучувањето во платформата за интероперабилност, институциите ќе можат да обработуваат и разменуваат податоци едни со други и како резултат на тоа, ова се претвора во побрзи и подобри услуги за граѓаните.

Со цел да се зголеми ефикасноста на државната администрација, ги повикувам сите институции да преземат иницијатива да се приклучат на системот за интероперабилност за брз временски период.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...