spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Поддршката за забрзување на процесот на дигитализација, повеќе од добредојдена

МИОА: Поддршката за забрзување на процесот на дигитализација, повеќе од добредојдена

Процесот на дигитализација беше главна тема на вчерашната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак и раководителот на Канцеларијата на ITU (International Telecommunication Union) за Европа, Јарослав Пондер.

На состанокот, министерот Шаќири ги презентираше бројните активности на Владата на Република Северна Македонија за забрзана дигитализација. Меѓу активностите е и Националната Стратегија за ИКТ 2021-2025, која што речиси два месеца е објавена на ЕНЕР заради добивање коментари од сите засегнати страни, а по интегрирање на забелешките ќе биде усвоена од Владата.

Министерот ги истакна столбовите за Инфраструктура, Централизација на ресурсите и Дигитални вештини, како исклучително важни за одржлива дигитализација.

Од страна на претставниците на UN и ITU беа презентирани моделите на техничка поддршка кои преку различни агенции ги даваат на различни институции од Република Северна Македонија. Дополнително, од нивна страна беше изразена подготвеност да дадат поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за ИКТ, особено во делот за Дигитални вештини.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...