spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Соопштение и Список на лица кои го оствариле правото на надомест...

МЕ: Соопштение и Список на лица кои го оствариле правото на надомест -Енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021

Министерството за економија информира дека Владата на Република Северна Македонија донесе Програма за изменување на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.175/21). Согласно оваа измена доделени се дополнителни средства за следните мерки:

  1. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година;
  2. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година;
  3. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година;
  4. надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари

Комисиите кои се задолжени за спроведување на постапките за наведените мерки, ќе продолжат со разгледување на пристигнатите барања согласно принципот „прв дојден, прв услужен“ се до целосно искористување на средствата во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа намена.

Конечните листи на баратели кои ги остваруваат правата за надоместување на дел од трошоците за сите мерки, ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за економија најдоцна до 15.12.2021 година.

—Список на лица кои го оствариле правото на надомест за купени и вградени сончеви колектори во домаќинствата за 2021 година
Табела Солар регулар >>>
Табела Солар со ниски примања >>>

—Список на лица кои го оствариле правото на надомест за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2021 година
Табела ПВЦ регулар >>>
Табела ПВЦ со ниски примања >>>

—Список на лица кои го оствариле правото на надомест за купени печки на пелети во домаќинствата за 2021 година

Табела пелети Скопски и Североисточен регион >>>
Табела пелети Југоисточен, Полошки и Југозападен регион >>>
Табела пелети Вардарски, Пелагониски и Источен регион >>>
Табела пелети со ниски примања >>>

Извор: Министерство за економија

Прочитајте