spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Каролина, Тамара, DJ - и, но и програма за млади на...

Карпош: Каролина, Тамара, DJ – и, но и програма за млади на „Карпошово културно лето 2021“

Од 26 – ти до 28 – ми август, на платото на „Млечен“ (УЗ „Владо Тасевски“) и плоштадот „Делфина“ (Влае 2), ќе се одржи традиционалната културна манифестација на општина Карпош, „Карпошово културно лето 2021“.

И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации и тридневниот настан ќе биде исполнет со перформанси за децата, младите и повозрасните.

Првиот ден од „Карпошово културно лето 2021“ (26-ти август), на „Делфина“, во Влае 2,  ќе започне со настап на хорот на  Детскиот фестивал „Поточиња“ од 19:00 часот, а во детскиот дел ќе има и маскоти за анимирање на најмладите. Во 20:00 часот, присутните ќе имаат можност да уживаат во перформансот на DJ Мартин – Antenna 5. А, првиот ден ќе го затворат популарното дуо, Александар Митевски & Драган Спасов – Дац, кои од 20:45 часот ќе пејат свои авторски песни, како и хитови за сите генерации.

Вториот ден од „Карпошово културно лето 2021“ (27-ми август), на платото на „Млечен“, во УЗ „Владо Тасевски“, oд 19:30 часот, ќе започне со детска музика и популарни детски маскоти, а од 20:15 часот вечерта ќе продолжи со перформанс на DJ Баже – Antenna 5.

Во вечерниот дел, од 21:00 часот, карпошани и граѓаните на Скопје ќе имаат можност да уживаат во концертот на нашата најголема музичка ѕвезда, Каролина Гочева. Ова ќе биде нејзин прв концерт на отворено, по пауза од две години. Таа, со својот бенд, во живо ќе изведе повеќе песни од албумите „Македонско девојче 1 и 2“, „Извор“, а ќе отпее и дел од поп – хитовите.

Последниот, трети ден од „Карпошово културно лето 2021“ (28-ми август), на платото на „Млечен“, во УЗ „Владо Тасевски“, од 19:30 часот ќе настапи македонскиот јутјубер Стефан Лазаров, а ќе има и детски маскоти за анимирање на најмладите.

Во 20:15 часот, DJ перформанс ќе има DJ Баже – Antenna 5. Културното лето ќе го затвори Тамара Тодевска, која од 21:00 часот ќе одржи целовечерен концерт за граѓаните на Карпош. По нејзините успешни концерти во Античкиот театар во Охрид и Хераклеа во Битола, карпошани и скопјани ќе можат да ја слушнат во живо и во срцето на главниот град.

Ова е трета година како општина Карпош ангажира исклучиво изведувачи од домашната културна сцена, со цел нивна поддршка и поголема афирмација. За „Карпошово културно лето 2021“ се одвоени 1.750.000 денари, средства од Буџетот на локалната самоуправа.

За организацијата на тридневниот настан, општината доби согласност од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и истиот ќе се организира по протоколите за реализација на јавни настани на отворено.

Ги повикуваме граѓаните да дојдат и да уживаат во вечерите, кои ќе бидат исполнети со квалитетна музика и програма за сите возрасти.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...