spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: СВР Скопје го расчистува случајот со вчерашното пукање на семејна веселба...

МВР: СВР Скопје го расчистува случајот со вчерашното пукање на семејна веселба во Глумово

 

На 07.08.2021 околу 15.23 часот полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по пријави дека во с.Глумово има пукање од огнено оружје, излегле на лице место при што биле пронајдени чаури од огнено оружје, пред домот на И.С.(51) од с.Глумово, каде што имало семејна веселба. Од И.С. се земени парафински ракавици и пиштол „глок“, а чаурите се подигнати за вештачење. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

МВР уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици. Потсетуваме дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...