Гевгелија: До 6 август, вакцинирани 8.746, а ревакцинирани 3.726 лица во ОБ- Гевгелија

ОпштиниГевгелија: До 6 август, вакцинирани 8.746, а ревакцинирани 3.726 лица во ОБ-...

Најчитано

Согласно направениот пресек од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, заклучно со 6 август, 2021 година, на двата Вакцинални пункта во ОБ- Гевгелија прва доза вакцина против КОВИД-19 примиле 8.746 граѓани од општините Гевгелија, Богданци и Дојран. Во вкупната бројка вакцинирани влегуваат и жителите на населените места кои се имунизираа преку теренската вакцинација- 1.554 лица. Додека, ревакцинирани се 3.726 лица.
          Во просек, за една недела бројката на вакцинирани се зголемила за 421 лице, а на ревацинирани за 1.405 лица. Што значи дека имунизацијата на граѓаните се одвива непречено, а интересот за стекнување имунитет против КОВИД-19 преку вакцина на граѓаните од трите општини, за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија, расте, имајќи го предвид новиот бран на Корона вирус.
          Засега, Гевгелија изостанува на листата со градови со бројка на евидентирани заболени лица од КОВИД-19, oсвен на средината на јули кога беше регистриран еден случај.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе