spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ„Македонија за сите луѓе“ е концепт кој нуди повисок стандард на граѓаните,...

„Македонија за сите луѓе“ е концепт кој нуди повисок стандард на граѓаните, концепт на нови политики за секој еден граѓанин

Концептот „Македонија на сите луѓе“ е концепт кој нуди развој и повисок стандард на граѓаните. Концепт на нови политики, политики кои ќе бидат за секој еден граѓанин преку решавање на нивните потреби.

На изминатите неколку трибини предложивме неколку крупни економски политики.

Со концептот „Македонија за сите луѓе” ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните. Тимот на економисти во ВМРО-ДПМНЕ  разработи еден нов процес на зголемување на просечната плата во државата.

Исто така со концептот на новите политики предвидуваме поевтина електрична енергија за сите граѓани во Македонија. Ќе обезбедиме поевтина електрична енергија за сите домаќинства, преку нова методологија, со инвестициски циклуси во енергетиката со искористување на постоечките ресурси и градење и модернизирање на нови производни постојки.

Со парите од акцизата за гориво кои секојдневно се слеваат во буџетската каса, наместо за луксуз ќе ги намениме за народот и проекти во образованието, спортот и културата. Вкупно 40 милиони евра за 4 годишен мандат од акцизата за нафтени деривати ќе бидат вратени во проекти за поквалитетно образование.

Македонските тутунари ќе ја имаат целосната грижа од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ќе се донесе закон за тутун со кој целосно ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последниот лист на домашен тутун, произведен по македонските ниви.

Исто така ќе спроведеме целосна дигитализација на услугите на општините, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ.

ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период како опозиција ќе предложи закон кој ќе овозможи легална трговија на криптовалути во државата, со што ќе  се придонесе за далеку поголемо трансферирање на средства во државата од тргување со криптовалути.

Преку концептот „Македонија за сите луѓе“ предвидуваме проект за изградба на ново автопатско решение од Скопје, Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и Меџитлија, за подобар и поквалитетен патнички и транспортен сообраќај и целосно поврзување со автопатско решение до границата со нашиот јужен сосед.

Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и целосно уништување на македонската економија. Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени и упропастени години за Македонија.

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...