spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСо помош на локалната самоуправа и градоначалникот на Делчево 58 годишниот жител...

Со помош на локалната самоуправа и градоначалникот на Делчево 58 годишниот жител на Нов Истевник добива нов дом

На чичко Ѕвонко, 58 годишниот жител на Нов Истевник кој остана без својот дом од пожарите, обезбедено му е сместување како и неопходни намирници.

Со акција на локалната самоуправа и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски веќе се расчистува и теренот, започнуваат подготовки за изградба на нов дом.

Денеска, во попладневните часови организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, го посети Ѕвонко и неговиот имот кој беше зафатен од пожарот, како и повеќе други семејства од Истевник и други населени места од околината на Делчево кои претрпеа штети од пожарите.

Сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија со пламените јазици се потресни, но државата, локалната власт, сите заедно сме тука за граѓаните и штетата ќе биде надоместена.

Солидарното македонско општество, сите заедно, ќе ја надоместиме штета и во Нов Истевник и насекаде во државата.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...