spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Изградба на 2 сервисни улици и 3 фекални колектори во населбата...

Струмица: Изградба на 2 сервисни улици и 3 фекални колектори во населбата Софилар

По долги подготвителни работи коишто требаше да ги направи општина Струмица, но и жителите на населбата, започнува изградбата на две сервисни улици и три фекални колектори во Софилар.

Градоначалникот Коста Јаневски го потпиша договорот, набавката е одобрена од страна на Министерството за финансии во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги. Вкупниот износ на оваа инвестиција изнесува 25.881.622,00 денари, а изведувач на работите ќе биде ДГТ Жикол ДООЕЛ Струмица.

Со изградбата на улиците и фекалните колектори општина Струмица го решава повеќедеценискиот проблем во населбата Софилар и обезбедува квалитетни услови за живот за граѓаните коишто живеат во неа.

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте

Илинден: Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

0
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште...