spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Започна санација на улицата “Малешевска 1” во должина од 1.3...

Кисела Вода: Започна санација на улицата “Малешевска 1” во должина од 1.3 км

Отпочнаа градежните активности за санација на ул. “Малешевска 1” во населбата Драчево. Екипите на фирмата изведувач “Топ Билд”, ангажирана од општина Кисела Вода, од денес започнаа со копање на постојниот асфалт кој е видно оштетен. Се работи за реконструкција на улицата во должина од 1.3 км. Градежните активности ќе траат еден месец.

Претходно, на оваа улица, Општина Кисела Вода постави водоводна мрежа во должина од 1.2 км, со што жителите од овој дел на Скопје добија подобрено водоснабдување, а по завршувањето на сегашните активности за санација на улицата, подобра ќе биде и патната инфраструктура.

Општина Кисела Вода апелира за трпение и разбирање од страна на локалното население додека траат градежните работи. Екипите што работат на реконструкциите и на оваа и на другите локации во општината,  се трудат да работат брзо  и во тие куси рокови внимателно планираат како нарушувањата во сообраќајниот режим да бидат минимални.

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...