Загриженост за сигурноста на работните места на работниците по донесените антиковид мерки

СиндикатиКССЗагриженост за сигурноста на работните места на работниците по донесените антиковид мерки

Најчитано

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е загрижена за ситуацијата со здравствената состојба на работниците во Македонија, а особено за новите мерки кои се усвоени од Владата со кои се прави дискриминација на вакцинирани и невакцинирани. Како синдикат загрижени сме за сигурноста на работните места.
Домашните закони и Уставот не ги обврзуваат работниците на задолжителна вакцинација и противзаконска е секаков вид на дискриминација по основ на тоа дали некој е вакциниран или не, а на истото упатуваат и меѓународните акти.
Ние како синдикат се плашиме дека со мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, а ги усвојува Владата се прави притисок за вакцинација на работниците. Работниците веќе го чувствуваат притисокот од работодавачите за вакцинација. Правото на вакцинација е право на личен избор, а вработените на кои им се врши притисок за вакцинација се плашат за своето работно место, па мораат да се вакцинираат.
Напоменуваме дека правото на работа е уставно загарантирано право и секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, а сигурноста на работните места не смее да зависи од тоа дали работникот е вакциниран или не.
Затоа КСС јавно го поддржува и се приклучува на граѓанскиот протест против дискриминација на невакцинираните кој ќе се одржи во недела на 15-ти август во 19 часот.

 

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе