spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со Главниот државен ревизор и државни ревизори од Државниот завод...

ДКСК: Средба со Главниот државен ревизор и државни ревизори од Државниот завод за ревизија

На ден 13.08.2021 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа средба со Главниот државен ревизор и државни ревизори од Државниот завод за ревизија.

 

На состанокот беа договорени заедничките активности и начинот на нивна реализација поврзани со исполнување на надлежностите на ДКСК и ДЗР за време на изборниот процес, а кои произлегуваат од Изборниот законик.

Со цел ефикасно следење на финансирањето на изборната кампања на Локалните избори 2021 година,. формиран е заеднички тим за координација и реализација на активностите на двете институции заради навремено прибавување на потребните податоци од базите на податоци од други институции како и до податоците од трансакциските сметки на учесниците на Локалните избори 2021 година.

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...