spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОМ: Младите се сегашноста и иднината, двигатели на промените во едно општество...

НАЕОМ: Младите се сегашноста и иднината, двигатели на промените во едно општество и треба да продолжиме да вложуваме во нив

По повод Меѓународниот ден на млади, Агенцијата за европски образовни програми и мобилност заедно со Агенција за млади и спорт, НМСМ и СМР реализираа настан во Музеј на современа уметност кој вклучи голем број на млади лица кои работеа на хакатон. Целта на овој хакатон беше развивање на идеи и поттикнување на иницијативи кај младите кои потоа имаа задача да ја презентираат истата, а покрај тоа поставени беа и штандови на организации за млади кои ги информираа младите за можностите кои им се нудат.

“Кога станува збор за подршка и креирање нови можности, како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, би сакал да потенцирам дека агенцијата и програмата Еразмус+ се насочени кон поддршка на младите. Програмата Еразмус+ нуди бројни можности за младите. Ние како Национална агенција за европски образовни програми и мобилност го овозможуваме сето тоа и сме максимално посветени да понудиме повеќе можности за сите и заедно да креираме подобро утре“– изјави директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски.

Многу млади потенцијали, кои ако им се даде шанса за вистински напредок и сопствен развој, ќе придонесат и за развој на општеството и на тој начин бенефитот ќе биде повеќекратен-и индивидуален и општествен.

“Среќен сум што можам да кажам дека институциите покажаа слух и најголемиот дел од нив веќе имаат Службеник за млади. Добрата комуникација со младите ја одржуваме и преку Младинските центри со кои заеднички креираме проекти и политики кои се од интерес на младите луѓе. Младите луѓе имаат знаење, имаат вештини, кретивност и тие ја заслужуваат шансата да имаат и простор тоа нивно знаење да го презентираат, а со него и да придонесат за развој на нашето општество“- изјави директорот на АМС, Наумче Мојсовски.

Со нивните иновации, со нивната креативност, младите сериозно влијаат врз политиките и одлуките кои се однесуваат на нив.

“Посакувам младите да бидат во фокус на сите случувања во текот на цела година, не само на овој ден. НМСМ работи и ќе продолжи да работи на промовирање и застапување на правата на младите и обезбедување на подобри услови на младите. На креирање на подобро општество кадешто гласот на младите се слуша и вреднува. Општество каде што младите учествуваат активно, но и како што постојано потенцирам, значајно, во сите процеси коишто нив ги засегаат и во сите фази на тие процеси“- посочи претседателката на НМСМ, Марија Крстевска

На младите останува да креираат визија визија, да направат план, и да се вклучат.

“Развојот на иновации е многу значаен за младинската работа да биде во тек со трендовите и новите потреби на младите луѓе. Истражувањата покажуваат дека со поддршка од младинските организации и младинските работници, самите млади можат да бидат носители на процесите за креирање нови алатки, методи и пристапи за зајакнување на учеството на младите и развојот на нивните компетенции.Токму затоа обезбедувањето на институционална поддршка и средства за пилотирање на иновативни идеи директно од страна на младите луѓе е одличен пример за поддршка на младиснкиот активизам“- истакна Драган Атанасов, директор на Сојуз за младинска работа.

Да продолжиме да создаваме можности за подобро утре.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...