spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Поцков им ги додели наградите на екипите- победници на Турнирот во...

Гевгелија: Поцков им ги додели наградите на екипите- победници на Турнирот во мал фудбал во Миравци

             По одигрувањето на утакмиците во финалето на 32 по ред Турнир во мал фудбал „КМФ Миравци 2021“ година, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Покцов, им ги додели наградите на фудбалските екипи- победници. Имено, првото место и наградата од 100.000 денари ја освои екипата „Црна река“ од Возарци, која во мечот со „Алупласт Васил“ од Јосифово оствари победа, пласирајќи го противникот на второто место. За што јосифовкста екипа беше наградена со 60.000 денари. Третото место и 40.000 денари им припаднаа на „Баламов Компани“ од Негорци, а четвртото место и 10.000 денари на „Млекара Вардарец“, фудбалската екипа од Удово.
            На турниот беа доделени и наградите за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман. За најдобар играч прогласен е Мартин Мехмединовиќ од „Црна Река“, за најдобар стрелец Мирче Попов од „Алупласт Васил“, а за најдобар голман Мирко Соколов „Црна Река“. Во периодот од 19 јули до 12 август, 2021 година, на Турнирот во Миравци, за наградите се бореа 24 екипи. Имено, овој спортски настан кој се организира втора година по ред, е продолжение на Меморијалниот турнир „Тихо“, а финансиски беше поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2021 година.

Прочитајте