АМС: Картистите кадети, јуниори и У21 на Европско во Финска

Самостојни органиСамостојни државни органиАМС: Картистите кадети, јуниори и У21 на Европско во Финска

Најчитано

Агенцијата за млади и спорт го најави настапот на каратистите во три возрасни категории на 48-то Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое ќе се одржи во Тампере, Финска.

Нашата репрезентација ќе настапи во полн состав во кати и борби.

-Агенцијата за млади и спорт го следи и ќе го вреднува секој успех на каратистите. Се надевам на освојување на медали и на ова континентално натпреварување со цел одржување на континуитетот на успешни настапи на каратистите во сите возрасни категории, истакна Мојсовски.

На прес конференцијата со свои очекувања излегоа и селекторите Кузмановски и Андриевски кои беа едногласни дека финансиската поддршка од Агенцијата за млади и спорт овозможува репрезентацијата да настапи во полн состав и дека очекувањата се освојување на медали, особено во категорија на У21, каде настапува двократниот медалист од изминатото европско првенство Бојан Костов, како и во делот на кати, чиј претставник е Каролина Јанчовска.

 

Извор: Агенција за млади и спорт

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе