Поради спојување на Охридска Банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ги известуваме сите досегашни корисници на ученичките и студентските стипендии на Министерството за образование и наука кои имале сметки на Охридска Банка АД Скопје на кои досега ги примале стипендиите, треба да достават нови – променети трансакциски сметки до Секторот за ученички и студентски стандард при МОН. Во спротивно, од наредната учебна/академска година нема да може да им се исплатат стипендиите.