spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСлаба понуда во која ниту Мицкоски не верува, кандидатите за градоначалници на...

Слаба понуда во која ниту Мицкоски не верува, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не се нови луѓе туку од режимот на Груевски

 

Прашање: ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња за кандидати за градоначалници, како вие ги коментирате?

Одговор: Христијан Мицкоски повторно докажа денеска не верува во кандидатите, токму затоа денеска тој не се појави на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за да ги објави нивните имиња.

Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале држвни и локални функции од времето на режимот односно од времето на Никола Груевски и може да заклучеме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати кои што се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во град Скопје и тоа повторно не води до заклучокот и јавноста треба да знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер.

Секако гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ маки мачат со кандидатите, но она што е интересно е дека ги преставуваат како нови и свежи, а како што напоменав веќе тие имале и државни и локални функции од времето на режимот, од времето на Никола Груевски што ова го потврдува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не работи на никаков концепт ,,Македонија за сите луѓе“ туку ова се сите луѓе на Груевски.

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...