spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош

МП: Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на настанот за одбележување на активностите за мониторинг на судски процеси во областа на организираниот криминал и корупција, регионален проект на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјава.

-Искрено верувам дека следењето на судењата за случаи на корупција на високо ниво и организиран криминал навистина може да биде еден од начините за постигнување позитивни резултати. Ќе ја зголеми одговорноста во работењето на обвинителите и судиите, истовремено ќе ја зајакне борбата против корупција, но и ќе ја зголеми довербата кај граѓаните во институциите и во својата држава – истакна министерот за правда Бојан Маричиќ.

Според него, фактот што ние сме првата земјава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција, покажува дека Владата има искрена намера за неселективна правда и транспарантни судски процеси.

Во своето излагање министерот за правда, пред првите луѓе на Мисијата на ОБСЕ и ЕУ во земјата, се осврна и на важноста и придобивките од заедничката соработката, посочувајќи го проектот за мониторинг како значаен исчекор напред во борбата против корупцијата, којашто бара силна поддршка и вклученост на сите засегнати страни.

Министерот за правда верува дека неговата лична заложба и на Владата ќе се исполни и вистински овој мониторинг ќе помогне на македонското да стане европско судство.

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга,...

0
„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се...