spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМЕ: Со реализација на инфраструктурни проекти во сите општини ќе го подобриме...

МЕ: Со реализација на инфраструктурни проекти во сите општини ќе го подобриме животот на граѓаните

Министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети како и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска извршија увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините.
Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.

Министерот Бектеши истакна дека со реализација на овие проекти во сите општини Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните.

„За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидовме средства. Во соработка со компанијата ТАВ беа избрани проекти кои што се јавен интерес, како што се локални патишта, водовод и канализација, училишта, градинки и други проекти. Нашата главна цел е со реализација на вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните во сите општини низ државата. Тука во општина Сарај директно од програмата на ТАВ ќе се реализираат два проекти, а дополнително ќе се реализира и проект за изградба на спортска сала. Со ова покажуваме дека локалната власт заедно со централната власт може да реализира проекти во краток рок“ кажа министерот Бектеши.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, се заблагодари на Владата за прифаќањето на овој проект како еден од приоритетните во ТАВ програмата.

„Ние како општина аплициравме за овој проект и ни беа одобрени средства за реконструкција на патот од село Буковиќ до село Раовиќ кој е во должина од шест километри. Вредноста е 47 милиони денари и ќе се прошири на одредени места и ќе има браници поради положбата на населеното место и за посигурно движење на граѓаните во овој предел. Ова е многу значаен проект за нашата општина, мило ми е што и Владата имаше разбирање по нашето барање и со ова докажуваме дека и во малите населени места се инвестира и се грижиме за граѓаните без разлика на тоа колку луѓе живеат на одредено место“ кажа градиначалникот Беџети.

Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски истакна дека овој пат ќе биде по сите стандарди и квалитет. “Изградбата на квалитетна патна инфраструктура за Министерството за  транспорт и врски е приоритет над приоритетите и за жителите во овој регион ќе биде од голема важност и ќе влијае во подобрување на квалитетот на нивниот живот“ кажа заменик-министерот Реџепи.

Преку ТАВ Програмата беа доделени вкупно 94 договори, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, за реализација на инфраструктурни проекти во речиси сите општини во земјата.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

ДЗС: Основни и средни училишта на крајот на учебната 2022/2023 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на ученицитево редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува...