spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСвесни дека ги губат изборите СДСМ форсираат изградба на зграда на косовски...

Свесни дека ги губат изборите СДСМ форсираат изградба на зграда на косовски инвеститор на местото на Општина Гази Баба

СДСМ свесни дека ќе ги загубат изборите форсираат  изградба на станбена и деловна зграда на косовски инвеститор на локацијата на Општината Гази Баба, каде општината речиси нема да добие ништо, па се поставуваат прашањата зошто мора да е инвеститор од Косово, зошто немаше лицитација и кој е интересот на актуелниот градоначалник во сето ова, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на посетата на Гази Баба.

Николоски потенцира дека локацијата е атрактивна на самиот булевар наспроти хотелот „Континентал“, но во планираниот објект општината ќе добие само неколку канцеларии додека се друго ќе биде за тн. инвеститор.

– Дали толку немаше градежна фирма во Македонија за да го направи ова па мораше да се прави со косовска фирма и зошто се оди на овој начин, кога веќе општината решила да не го поседува тоа земјиште, зошто не го даде на јавна лицитација и да се натпреваруваат фирмите за да се постигне висока цена и со таа цена да се наполни буџетот за да се инвестира во канализациони и водоводни системи и колкав е личниот интерес на градоначалникот во овој проект, запраша Николоски.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...