Почитувани сограѓани,
Влегуваме во последните денови од владеењето на локалната власт предводена од СДСМ на чело со градоначалникот Сашо Велковски.
Во неговата програма за живот во Свети Николе ветуваше многу проекти со кој ќе се подобрил животот на граѓаните.
Ветуваше изградба на спотрски сали, дом за стари лица, гасификација,замена на азбесни цевки, младински културен центар, куќа на спортот, базент, речно корито,мостови канализации, градинки и што ли уште не.
За селата и да не зборуваме, потполно заборавени од овој градоначалник во заминување.
И тоа малку што го направи беше само континуитет на проекти наследени од претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Сашо Велковски ќе биде запаметен како најслаб градоначалник во историјата на Свети Николе со нереализирани 85% од проектите ветени во неговата програма.
Јас, Дејан Владев, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе заедно со моите соработници ветуваме сосема нов пристап на работа во локалната самоуправа.
Ќе сторам буквално се што е во мојот домен и моќ Свети Николе да биде модерен град и пристојно место за живеење.
Во никој случај нема да ветуваме нереални и мегаломански проекти, туку акцентот на нашата работа да биде решавањето на реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат нашите сограѓани.
Асфалтирањето на улици, изградба на канализации, уредување на речното корито, изградба на спортски сали, хигиената, воведување на ред во сообраќајниот хаос, младите и спортот, уредување на новиот парк со нови содржини, Била Зора и месноста Мавровица, пензионерите, земјоделците, смејствата од социјален ризик ќе бидат наш приоритет.
Ветувам чесен пристап со сите сограѓани и отворени локални институции.
Ќе работиме чесно, одговорно и редовно ќе даваме отчет пред граѓаните на општина Свети Николе.
Од оваа говорница сакам да упатам порака дека сме решени и истрајни до зацртаната цел – победа на локалните избори и ништо нема да не поколеба во тоа , ниту централната и локална власт со сите механизми што им стојат на располагање , ниту пак од режираната и непринципиелна коалиција предводена од истрошени политичари со сомнително минато , оставена како кукавичко јајце пред нашите, но и вратите на сите граѓани на Свети Николе.
Едно е сигурно, нов градоначалник на општина Свети Николе и мнозинство во советот ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: ВМРО ДПМНЕ