spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Одржливите фискални и економски политики и фискалната рамка придонесоа за задржување...

МФ: Одржливите фискални и економски политики и фискалната рамка придонесоа за задржување на кредитниот рејтинг во услови на пандемија

Задржување на кредитниот рејтинг на истото ниво се базира на фактот дека мерките дадоа ефект за ублажување на кризата. Нашата економија во текот на годината, како што е наведено и во нашите проекции, ќе излезе од кризата, односно ќе има економски резултат и раст на БДП. Фискалната рамка како и одржливите фискални политики и економските мерки придонесоа да го задржиме кредитниот рејтинг, вака министерот за финансии, Фатмир Бесими го коментира потврдувањето на кредитниот рејтинг за РС Македонија од страна на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во изјава за Сител.

Во однос на ризиците што се наведени, Бесими вели дека едниот е од неекономска природа, како што е влошување на состојбата со пандемијата, додека вториот се однесува на европската перспектива и започнување на преговорите што ќе влијае на инвестициите. Отворањето на преговорите и реформските активности се очекува да влијаат врз подобрување на рејтингот.

Стабилниот изглед, како што се нотира во извештајот за РС Македонија, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско заздравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит следната година.

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.

Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во извештајот.

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Карпош: Двојна спортска круна за основците од Коменски

0
По возбудливата завршница во финалните натпревари во кошарка (момчиња) и одбојка (девојчиња), кои се одиграа денеска во рамки на општинскиот училишен спортски куп, двата...