spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМОН: Дигиталните учебници ќе може да се симнат на домашните ит уреди,...

МОН: Дигиталните учебници ќе може да се симнат на домашните ит уреди, а за децата од социјални семејства обезбедивме таблети

Министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 истакна дека дигиталните учебници се подготвени, исто така и апликациите за нивна имплементација и од петок продолжуваат да се спуштаат до училиштата и потоа офлајн верзијата до родителите.

„Веднаш кога ќе си ги инсталираат апликациите од први септември натаму ќе може да си ги симнат учебниците на дигиталните уреди кои ги имаат во сопствениот дом, или за оние коишто немаат дигитални уреди училиштата веќе имаат добиено за социјално ранливите категории таблети во своите простории и истите ќе имаат обврска да им ги инсталираат учебниците на тие таблети. Дополнително за учениците во чии домови, за жал нема електрична енергија, а имаме такви ученици обезбедивме материјали за учење во печатена форма“, рече Царовска.

Министерката посочи дека сите учебници и материјали за учење се дистрибуираат до училиштата и истите учениците ќе ги имаат уште првата недела од учебната година.

„На новите материјали за учење за прво и за четврто одделение работеа домашни автори, илустратори, ценети професори и наставници и со тоа покажаа дека како држава имаме капацитет да создадеме квалитетни учебници по нова наставна интерактивна програма”, рече Царовска.

Министерката вели дека учениците од 4-то одделение ќе имаат уште поголема радост,  заради тоа што ќе имаат дигитални учебници, и би било добро предност да се даде на нивното користење, со аудио верзија со мултимедија заради тоа што на тој начин може да се постигне реална имплементација на програмата којашто е предвидена во 4-то одделение и конечно да се поттикнат учениците да истражуваат, да размислуваат, да донесуваат одлуки. Дополнително има учебници испечатени со Брајово писмо кои се инклузивни и наменети за учениците со попреченост.

МОН забрзано работи на осовременување на условите во училиштата. Тие веќе се снабдуваат со потребните нагледни средства и дидактички материјали како и со интерактивни табли и кабинети по природни науки.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте