Почитувани,
Петре Шилегов заминува од функција со речиси нова зграда во Карпош. Само Петре Шилегов успева со чиновничка плата да дојде до коренито реновирана речиси нова зграда од семејна куќа во скопски Карпош. Само на Шилегов му успеа со буџетска плата како градски чиновник да дигне над 300 квадрати луксузна куќа во Скопје и тоа по само две години откако својот луксуз го зголеми со вила на Маврово!
Почитувани!
Петре Шилегов го зголемил своето богатство за половина милион евра за пет години!
Ова е истражување на СКУП, центар за истражувачко новинарство објавено на крајот на 2019 година!
Истражувани се разликите во анкетните листови. Па се вели, Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за 5 години се збогатил за 417 илјади евра.
Или, поинаку кажано, Шилегов во просек станувал побогат за 83 илјади евра годишно односно секоја година за нови 83.000 евра зголемен луксуз. На функција дошол со имот од 915.000 евра, а сега тежи над еден милион и 300.000 пријавен имот, но прашање е дали е се пријавено?
Според анкетниот лист на Шилегов денеска, тој тежи цели 1.300.000 евра!
Цело богатство САМО И САМО од чиновничка плата имајќи предвид дека од 2014 Шилегов мора да е само на буџетска плата! Само во Македонија за градоначалник има истражување дека годишно станува побогат за 83.000 евра, а станува збор за градоначалникот на град Скопје во заминување, Петре Шилегов.
А тоа богатство веројатно е поголемо , имајќи ги предвид нелогичностите. Во моментов реновира куќа од 306 квадрати во скопски Карпош, семејна зграда која според соседите е повеќе од луксузна.
Луксузната куќа во Маврово на Шилегов ја пријавил со вредност според анкетниот лист од 55 илјади евра.
Тоа е невозможно имајќи предвид дека тоа е куќиште од безмалку 300 квадрати!
300 квадрати луксузна вила на Маврово, купена како градоначалник на Скопје пред само 2 ипол години. 300 квадрати на Маврово на двата ката од по 25 квадрати, плус површина со приод од по некои 30 квадрати, вреди според Шилегов само 55.000 евра?
Понатаму. На Анкетниот лист надополнет на Петре Шилегов, едноставно НЕМА автомобил. И тој мерцедес, што го пријавил на првиот имотен лист веќе го го снема . Затоа пак, исто како за Вилата на Маврово, јавноста за неговата имотна состојба од аспект на возен парк дозна од една истрага, кога се кажа дека биле оштетени, изгребани внимавајте два луксузни автомобили во 2018 година на Шилегов, двата марка Ауди, чија заедничка вредност изнесува најмалку неверојатни 95.000 евра, а тоа го нема во анкетниот лист.
И двата ги нема! Во 2019 година самиот на прес конференција, не само што не зборува за овие два автомобили од марка Ауди, туку порача дека на работа оди со електричен автомобил, а ни таков нема во имотниот лист!
Ќе го потсетам Шилегов, на тема околу загадувањето, беше прашан: Со што сте дојдени на работа?
Шилегов одговори: Со електричен автомобил што не загадува. Инаку во текот на денот или се движам со електричниот автомобил или се движам пешки ако е некаде блиску.
На сето тоа, четири пријавени станови во Скопје сите на атрактивни локации, со површина од 65 до 85 квадрати. Само во станбени квадрати, Шилегов поседува во Скопје има 300 квадрати, со просечна цена од 1100- 1150 евра квадрат, тоа е над 330 илјади евра.
Шилегов пријавил 8 милиони денари вредно злато и часовници; 3 милиони во уметнички слики и што ли уште не.
Почитувани, Скопје и Македонија тонат во сиромаштија, тонат во скапотија, тонат во смет, тонат во отпад, само ликови како Шилегов го зголемуваат личниот луксузот, Шилегов заминува од функција со речиси нова зграда во Карпош, а на среде мандат како градоначалник се здоби со луксузна вила на Маврово од 300 квадрати!
Нема полошо од СДСМ, нема полошо од Шилегов за Скопје.
Извор: ВМРО ДПМНЕ