Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, вчера беше на средба со граѓаните на Штип.
Заедно со градоначалникот Сашко Николов разговараа со граѓаните за веќе сработеното, но и за она што во следниот мандат треба да се направи.
– Во овие четири години покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, што значи вистинска грижа за секое населено место. Ги зголемивме платите во сите сектори, пораснаа и пензиите а го решивме и деценискиот проблем со стечајните работници. Овде во Штип, во Истокот инвестиравме многу во инфраструктурни проекти. Еден од нив секако е патот Штип – Радовиш каде една фаза е веќе пуштена во употреба. По неколку децении е изграден мост на реката Брегалница, во фаза на реализација е и најважниот проект за овој град изградба на брана на реката Отиња, посочи Маричиќ додавајќи дека со СДСМ и Николов развојот на Штип ќе продолжи и во следните четири години.
Маричиќ порача дека СДСМ останува посветена на политиките кои водат напред, кои носат напредок и развој.
Штипјани знаат кој го носи Најдоброто. На 17 ти октомври Штип останува во сигурни раце и ќе продолжи да се модернизира, порача Маричиќ.
Извор: СДСМ