spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕИзминатите 4 години ветените проекти за живот од страна на СДСМ во...

Изминатите 4 години ветените проекти за живот од страна на СДСМ во Демир Хисар, останаа само празно слово на хартија

Почитувани сограѓани,

Изминуваат последните денови од четиригодишната голгота на демирхисарци под власт на СДСМ.

Изминуваат последните денови на власта која пред граѓаните на Демир Хисар ветуваше живот за сите и бројни проекти кои останаа само празно слово на хартија.

Ветуваа изградба на спортски игралишта, атмосферска канализација, соборен храм, прочистителни станици, хортикултурно уредување на јавни површини, ставање во функција на хидроакомулациите во општината, инфраструктурни проекти, водоводи, канализации, базени и што ли уште не.

За жал, демирхисарци не видоа ништо од ова, беа брутално излажани и изманипулирани и само се потсетија што значи власт на СДСМ за нашата општина.

Во изминативе 4 години сите бевме сведоци на криминал, корупција и непотизам од невидени размери, што резултираше со масовно иселување на млади и образовани луѓе од нашата општина и целосно губење на довербата во институциите на системот.

Затоа, почитувани, како кандидат за градоначалник на општина Демир Хисар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ве повикувам сите заедно да се обединиме околу вистинските вредности во едно општество и да го дадеме својот придонес за градење на развиена и модерна општина, како за сегашните, така и за идните генерации.

Општина со целосно обновена патна и комунална инфраструктура, со што ќе се обезбедат услови за нови инвестиции и нови работни места.

Општина во која ќе се гарантира откупот на земјоделските производи со отворање на откупни станици за истите, со што ќе се стави крај на девалвирањето на  трудот на земјоделците.

Општина која ќе биде партнер, а не рекетар на бизнис секторот.

Општина каде ќе се развива спортот преку изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски објекти, како во градот, така и во околните населени места со цел правилен и здрав развој на младите. Општина која ќе изобилува со уредени паркови и зелени површини, безбедни пешачки и велосипетски патеки.Општина која ќе го заштити и промовира природното и културно наследство и ќе развие стратегија за развој на туризмот.

Почитувани,

Ве уверувам дека јас и мојот тим, кој ќе биде составен исклучиво од професионалци во својата област, заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се вложиме со целиот свој капацитет,со цел, реализација на ветените проекти од нашата програма и ќе работиме чесно и транспарентно исклучиво во интерес на граѓаните на општина Демир Хисар.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...