spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНападите врз Данела Арсовска се резултат на нервозата и стравот од пораз...

Нападите врз Данела Арсовска се резултат на нервозата и стравот од пораз на СДСМ, ние ќе водиме позитивна кампања

Нападите врз Данела Арсовска од страна на нашиот политички противник за градот Скопје е резултат на нервозата и стравот од поразот кој ќе следува за СДСМ на 17 октомври, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Сител Телевизија и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ дека партијата ќе води исклучително позитивна кампања.
Она што жалам и што го гледам кај спротивниот табор, кај нашиот политички противник и нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје е навистина една негативна кампања, нешто што не доликува на луѓе кои претендираат да го водат Скопје иако тоа го правеа неуспешно изминатите 4 години.  Тоа се луѓе кои имаат силно ниво на самобендисаност, ароганција, луѓе кои навистина го изгубиле секое човечко достоинство но пред се една голема доза на страв од пораз кој е се поизвесен и кој ќе се случи на 17 октомври, истакна Мицкоски.
Тој им порача на СДСМ да го зачуваат човечкото достоинство бидејќи граѓаните повеќе не сакаат негативни кампањи и преку глава им е од ниски напади, и да се фокусираат на идеи и програма.
Да водиме една позитивна кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања, да им понудиме не само на скопјани туку на сите граѓани во Македонија програма која ќе можат да оценуваат проекти, стратегија и визија за развој на општините. Но за жал почетокот кај нивниот кандидат за градоначалник не ветува таква кампања. Тоа е нивен начин, но јас можам да им порачам да бидат малку достоинствени бидејќи поразот на 17 октомври ќе се случи, барем да зачуваат малку достоинство, потенцираше Мицкоски.

Прочитајте

Мицкоски: За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД  Прилеп. по што  на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за...