spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВо работењето како прв човек на општината партнер ќе ми бидат граѓаните

Во работењето како прв човек на општината партнер ќе ми бидат граѓаните

Интервју на Тони Узунов, кандидат за градоначалник на општина Валандово

За некои работи и не требаат многу пари, само треба да ги увидиш, да ги слушнеш луѓето и треба да знаеш како, вели кандидатот за градоначалник на Валандово, Тони Узунов во интервју за Курир. Без разлика на се, разликата ќе е видлива веднаш, а посуштинските работи и проекти ќе следуваат веќе со почетокот на новата година, вели Узунов говорејќи за тоа со што ќе стартува во работата како градоначалник.

КУРИР: Што ве мотивираше да се кандидирате за прв човек на Валандово?

Не можам повеќе да стојам на страна и да сведочам немо за рамнодушноста и пасивноста што ни се случува и сакав да дадам пример, како јас мислам дека треба секој да дејствува. Предлогот за кандидат за градоначалник произлезе од мојот месен комитет, па низ понатамошна селекција и анкети Извршниот комитет падна одлука за концептот да се оди на изборите со ново партиско лице за кандидат за градоначалник што јас со голема одговорност и чест го прифатив.

КУРИР: Вие живеете во оваа општина, ситуација ви е јасна, но што вели последното скенирање, што недостасува во општината?

Огромно е потфрлањето во реализацијата на ветувањата, изостана суштината, посебно локалниот економски развој, зголемување на бројот на невработени, задолженост на општината и јавните претпријатија, пораст на иселувањето и потфрлување на секој план. Загрижувачко е чувството на безнадежност и рамнодушноста кај голем дел од граѓаните. Едноставно кажано не е добро.

КУРИР: Што недостасува?

Пред се домаќинско раководење со општината, правилен распоред на приоритетите, и рационално користење на сите ресурси и можности.

КУРИР: Оттука, со кој проект би стартувале?

Прво, треба да се направи анализа на моменталната финансиска состојба во општината, да знаеме на што сме. Да се направи ревизија на работењето до сега, па потоа веднаш ќе се започне со работи кои се суштински за граѓаните.

За некои работи и не требаат многу пари, само треба да ги увидиш, да ги слушнеш луѓето и треба да знаеш како. Без разлика на се, разликата ќе е видлива веднаш, а посуштинските работи и проекти ќе следуваат веќе со почетокот на новата година.

КУРИР: За четири години што може да се направи во општината?

Тука би ги поделил работите на тие што мораат и оние што можат да се направат. Првите се клучни и нема никакви изговори и одложувања, а вторите се многу повеќе и зависат од можностите, знаењето и визијата, каква сакаме да биде општината за четири години и понатаму. Дел од нив ќе ги наведеме во програмата, но ќе го искористам сето знаење и можностите што ќе се пружат во моето работење и за проекти што нема да бидат наведени. Тука ќе се види и разликата, дека не сме сите исти и ќе ја променам перцепцијата за функцијата градоначалник, татко на општината.

КУРИР: Од кои начела ќе се водите во работата?

Одговорот е краток и јасен. Чесност, посветеност и отчетност. Ќе бидам искрен, темелен и ефикасен. По професија сум менаџер и инжeнер, а тоа по дефиниција опишува човек што ги решава проблемите. Нашата општина е мала, Валандово е мал град, тука отчетот е секојдневен настан, а доброто или погрешно работење, се гледа и знае веднаш.

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...