Општината и граѓаните назадуваат четири години, затоа ветувам реални проекти за граѓаните

Политички партииВМРО-ДПМНЕОпштината и граѓаните назадуваат четири години, затоа ветувам реални проекти за граѓаните

Најчитано

Сите ние четири години живееме назадувајќи како граѓани на општината, се чувствуваме заборавено. Најнеспособниот градоначалник во историјата на општината Велимир Смилевски не реализира ниту еден од ветените проекти, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел на вечерашниот настан во паркот пред Општина Бутел насловен како Промоција на политики во врска со локалната самоуправа.

„Ветената трим патека во Серава, уредување на коритото на реката Серава, парковите, спортскиот комплекс, градинките, училиштата, канализацијата во Бел камен и Кучевишка Бара, водовод во Љуботен се само огромни лаги со кои Смилевски ги  излажа граѓаните. Ветуваше и подобрени етнички односи, живот за сите. Како може да ветувате релаксирање на етнички односи кога ги излажавте сите, ништо не се гради врз лаги. Во Радишани не се направи ништо на пример, а да извинете, има еден проект, ама тоа е куќата на градоначалникот, купи куќа и гради базен, тоа е неговиот најголем капитален објект“, рече Костовски.

Костовски посочи дека со својот тим студиозно работи на програмата  која е при крај и за чии детали граѓаните ќе бидат запознаени. Тој посочи дел од проектите кои како што рече „се реални и ќе се реализираат“.

„Ние нема да ветуваме брда и долини, туку реални проекти кои ќе ги реализиараме. Најеопходно е нова модерна поликлиника, денеска Смилевски направи понижување на сите, вети поликлиника, а постави некои монтажни, модуларни делови и вели ова е нова поликлиника. Ќе се изгради во мојот мандат нов модерен спортски олимписки центар со фудбалски стадион, сала за боречки спортови,  бидејќи Бутел е расадник на спортисти. Ќе се уреди коритото на реката Серава, исто ми е приоритет и ќе биде едно од најпосетение места. Потоа ќе има полициска станица, не се занимава градоначалникот со безбедноста, но може да влијае  на безбедноста,  тука ќе има и противпожарен пунк,  ќе се изгради плоштад во Бутел, културен центар…“, кажа Костовски.

Тој прецизираше дека ниту едно место во општината нема да биде заборевно и детално ќе ги извести граѓаните за секој еден проект.

„Ајде сите заедно да го вратиме Бутел на вистински патеки“, порача Костовски.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе