spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Младинскиот самит за климатски промени

АМС: Младинскиот самит за климатски промени

 

1. U report https://mk.ureport.in/– ве покануваме да се регистрирате како „U-reporter“ што би значело дека ќе добивате кратки прашања на Вибер за теми кои ги засегаат младите.
Прашањата поврзани со климатските промени ќе започнат од 30 август 2021 (понеделник) и ќе траат до 10 септември. Вашите одговори ќе бидат преточени во текстот на
Младинската Декларација за Климатски Промени која ќе биде претставена на Младинскиот самит за климатски промени во Милано (Pre-COP26) и Глазгов (COP26)

2. Самитот за климатски промени – е за млади луѓе од 15 до 24 години и за иноватори (НВО-а, фирми, школи итн.).

Агендата може да ја погледнете тука. Сите трошоци за учесниците надвор од Скопје ќе бидат покриени (транспорт, храна и сместување ако е потребно).
Аплицирате тука ако сте млад човек или Аплицирајте тука ако сакате да претставите
иновација.

Самитот има и „U-report“ споделете го и овој е-маил на колеги/шки, еко-активисти и млади луѓе, колку пошироко толку подобро.

Младинскиот самит за климатски промени е иницијатива водена од младите луѓе, поддржана
од УНИЦЕФ и финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (Сида), и организирана во партнерство со Амбасадата на Италија како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН во Милано, Италија и Амбасадата на Обединетото Кралство, како земја домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН,
во Глазгов.

Ви благодариме. За повеќе информации стоиме на располагање.

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...