spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕКритериум за избор на компромитираните кадри на СДСМ е кој колку е...

Критериум за избор на компромитираните кадри на СДСМ е кој колку е пријател со Вице Заев

Кандидатите на СДСМ се стари и истрошени кадри и бизнисмени со сомнително минато сврзано со Вице Заев.
Петре Шилегов, Филип Темелковски, Велимир Смилевски, Александар Наумовски, Константин Георгиевски, Сашко Николов и редица други актуелни градоначалници со кои СДСМ повторно ќе трча на изборите во октомври се луѓе кои имаат 4 години време да се докажат и да направат нешто. Сите до еден немаат ниту 20% реализација на тоа што го ветиле во изборната програма.
Кандидатите кои СДСМ ги предлагаат како нив се всушност стари кадри кои претходно биле на една, две или три функции, како што е примерот со Горан Сугарески, кој што е на функција скоро 15 години, од пратеник, министер до директор.
Трета категорија се лицата како Христо Кондовски, бизнисмен со врски со Вице Заев, кој на сите анкети имал најслаб рејтинг, со неговото кандидирање СДСМ покажа дека кој плати повеќе тој добива позиција од Заев, а Битола со ова станува Стентонград.
Кондовски е лице кое во минатото бил условно осудуван, а против него се воделе и низа други постапки.
Кандидатите на СДСМ за градоначалници нема што ново да им понудат на општините и граѓаните. Кандидатите на СДСМ не можат да допринесат кон развој на своите општини, затоа тие и ќе изгубат.
А за тоа колку СДСМ има добра коалиција говори фактот што пола коалициони партнери ги напуштија и одат со самостојни листи, никој веќе не им верува.
СДСМ губи во октомври. Време е за промени.

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија