spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Градинката „Црвенкапа“ во Аеродром се гради во полн ек

Аеродром: Градинката „Црвенкапа“ во Аеродром се гради во полн ек

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните работи на новиот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Стар Аеродром.

            Новата зграда се протега на површина од 1 700 квадратни метри, а проектот предвидува изградба на осум занимални, посебни простории, кујна и санитарни јазли, со капацитет на згрижување од 200 деца.

            „Изградбата на новиот објект на градинката се одвива според предвидениот тек. Горд сум што градиме капитални проекти и што наскоро дечињата од овој дел на Аеродром ќе добијат нова и современа градинка. Општина Аеродром е фокусирана на обезбедување беспрекорни услови за раст и развој на нашите  најмлади жители“, додаде градоначалникот Марин.

            Во новата градинка ќе биде обезбеден престој, нега, исхрана, воспитно-образовни и други забавни активности со европски и светски стандарди конкретно на 170 деца на возраст од 2 до 6 години и 30 деца – бебиња на возраст од нула (0) до 2-годишна возраст.

            Пред две години беше пуштен во употреба новиот објект на детската градинка „Буба Мара“ изграден според сите современи стандарди и со капацитет за згрижување 200 деца, а неодамна за првпат беше целосно реконструирана кујната на градинката „Буба Мара“ во населба Лисиче.

            Континуирано работиме на одржување и реновирање на објектите на детските градинки на ниво на целата територија на Општина Аеродром.

31.8.2021

Општина Аеродом

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...