spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Гевгелиските училишта целосно подготвени за настава со физичко присуство на учениците

Гевгелија: Гевгелиските училишта целосно подготвени за настава со физичко присуство на учениците

Од утре, официјално започнува новата учебна година. Училиштата од општина Гевгелија се подготвени за прием на учениците, по донесената Одлука на Владата на РСМ, наставата во новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците. Околу подготовките и разгледување на условите за реализацијата на наставата со физичко присуство во општина Гевгелија за време на пандемија претходеа неколку онлајн-состаноци помеѓу градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и претставници на општинската администрација од Одделението за образование со министерката за образование, Мила Царовска, како и онлајн-состаноци со директорите на гевгелиските образовни институции во врска со спроведување на Протоколите за постапување на основните училишта и средното училиште. Од кои се произлезени заклучоци дека со оглед на процентот на вакцинирано население во општина Гевгелија, нема никакви пречки наставата да биде реализирана со физичко присуство. За таа цел, се ставени во функција сите влезови на училишните згради, обезбедени ресурсите за мерење температура, а по ходниците се поставени едукативно-информативни материјали и насоки за заштитата на здравјето и безбедност во училиштето.

Исто така, претставниците на општинската администрација од Одделението за образование извршија увид во хигиенско-техничките услови. Во пресрет на враќањето на учениците во училишните клупи, во ООУ: „Крсте Мисирков“, „Владо Кантарџиев“, „Ристо Шуклев“- Негорци, „Климент Охридски“- Миравци и нивните подрачни училишта во населените места, ООМУ „Васо Карајанов“, како и во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училишните објекти. Обезбедени се сите хигиенски и дезинфекциони средства и останатите потребни ресурси за доследно почитување на протоколите и заштитните мерки, и за учениците и за вработените. За приемот на првачињата и пристигнувањето на останатите ученици од погорните одделенија од страна на училиштата е изготвен распоред, истакнат во училиштата, со цел избегнувањето гужви и запазување на мерките за пропишаната дистанца. На ниво на сите училишта, за првпат во училишните клупи ќе седнат 234 првачиња, кои ќе добијат симболични пакетчиња за успешен премин во основно образование.

Во зависност од епидемиолошката состојба, Владата утврди две можни сценарија за реализација на наставата во учебната 2021/2022 година – за настава на далечина и комбиниран модел, кој ќе важи за учениците од петто до деветто одделение и предвидува нивна поделба во групи – за настава со физичко присуство и за онлајн-настава.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...