spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Во тек се градежни активности за бетонирање на крак од ул....

Гевгелија: Во тек се градежни активности за бетонирање на крак од ул. „Браќа Толеви“ во Прдејци

Во населеното место Прдејци, во тек се подготвителните работи за бетонирање на крак од улицата „Браќа Толеви“. Имено, градежната фирма „Пелагонија Тириц“ која, исто така, деновиве работеше на бетонирањето на три крака во Богородица, започна со тампонирање и нивелирање на кракот, најфреквентната пристапна улица која води до влезовите на Подрачното училиште и новата Детска градинка „Развигорче“. Станува збор за крак кој ја поврзува оваа улица со улицата „Железничка“ во Прдејци.
Имено, во изминатиот период, со асфалтирањето на улиците „Браќа Толеви“ и „Вардарска“, бетонирањето на краци од улиците: „Атанас Ѓуров“, „Браќа Толеви“, „Ванчо Баламов“ и санирањето на полски патишта во атарите на населеното место значително е подобрена патната инфраструктура во Прдејци преку реализација на Општинската програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија, со средства од Буџетот на Општина Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...