spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиССМРаботниците треба да бидат информирани за нивните работнички права - Вакцинација

Работниците треба да бидат информирани за нивните работнички права – Вакцинација

Личната определба на работниците за вакцинација треба и мора да биде резултат на нивната информираност

Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против вољата на поединецот.

Поаѓајќи од ставот на науката за позитивните ефекти од имунизацијата за опстанок на човештвото , сметаме дека членството, работниците и граѓаните треба сами да одлучат да се вакцинираат за да се заштитат себеси и своите семејства , но исклучиво сме против имунизацијата да се спроведува на штета на физичкиот и психичкиот интегритет на работниците и граѓаните.

Работниците задолжително треба да водат сметка дека за разлика од работодавачите кои најчесто патуваат до работа сами во возило, работници најчесто на работно место доаѓаат со организиран превоз или јавен превоз во кој има поголема група на работници, на работните места за разлика од работодавачот кој работи сам во канцеларија или работи од дома, тие најчесто работат во групи од поголем број на работници и на тој начин непосредно се изожени на поголем ризик од зараза со заразната болест Ковид – 19

Сојузот на синдикатите на Македонија во изминатиот период укажуваше на сериозноста од зголемен број на пријави поради тоа што некои не совесни работодавачи на работниците не им дозволувале и ги попречувале, во работни денови да се вакцинираат иако имале закажан термин за вакцинација по свој избор.

Од друга страна свесни сме дека во нашето опкружување беа воведувани одредени финансиски и други погодности со цел поттикнување на населението и работниците во поголем број да се имунизира се со цел враќање на сите фунционалности на општеството и државата и спречување на повторно затварање.

ССМ бараше дури и денот за имунизација на работниците да се смета како платено отсуство од работа, но за жал ниту тогаш ниту денес тоа не е случај.

Укажуваме дека во препораката на Парламентарното собрание на Советот на Европа е недвосмислено наведено дека никој не може да биде дискриминиран затоа што не е вакциниран. Дополнително во Резулицијата 2361 од 28 јануари 2021 година во членот 731 се вели: ′′Осигурајте се дека граѓаните се информирани дека вакцинацијата не е задолжителна и дека никој не е под политички, социјален или друг притисок за да се вакцинира ако тој или таа не сака лично да го стори тоа′′.

Напоменуваме дека согласно член 39 од Уставот, на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, а според член 54, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Укажуваме дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

Во услови на Ковид пандемија тоа би значело обезбедување на соодветни просторни услови за работа со почитување на дистанца , средства за лична хигиена и дезинфекција , организирање на работниот процес , состаноци и други активности согласно усвоените Протоколи на Владата.

Согласно член 22, став (1) од Законот за безбедност и здравје при работа работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месецa, а работодавачот не смее да ги тера работниците на свој трошок да го сторат тоа, ниту пак да носат PCR тестови со кои ќе потврдуваат дека истите не се заразени со Ковид -19.

Работодавачите, ние како синдикат и стручната јавност, сите заедно треба да се ангажираме и да обезбедиме соодветно и целосно информирање на работниците за значењето на процесот на имунизација и очекуваните ефекти во насока на сузбивање на пандемијата.

Личната определба на работниците за вакцинација треба и мора да биде резултат на нивната информираност и доверба во целокупниот процес на имунизација за заштита на животот и здравјето на работниците.

Во нашата држава, спротивно на Закон и на колективен договор е работодавачот со присила да ги тера работниците на било што, уште повеќе ако знаеме дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

Имајки го во предвид ова, како и фактот дека пријавувањето за вакцинација е доброволно, а при истото граѓаните преку пополнување на формулар прифаќаат дека ниту државата, ниту производителот на вакцините не сноси никаква одговорност за евентуалните негативни последици од истата, ги прашуваме работодавачите дали се спремни тие да сносат таква одговорност.

Сето ова може да ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза.

Укажуваме дека не постои законска или било каква друга можност заради одбивање на наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација да се загуби работното место, а на работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација.

Сакаме да потенцираме неколку важни работи кои работодавачите треба да ги превземат за заштита на вработените во услови на пандемија , а особено во случаите на враќање на работниците на работа по прележан Корона вирус, и тоа

Дополнување на проценката на ризиците на работните места од аспект на можноста за заразување со Ковид 19 на секое работно место, како и мерките и активностите што ке се преземат за спречување и намалување на ризиците и последиците

Уредување со КД на ниво на работодавач на сите прашања поврзани со Ковид 19

Одржување на состаноци со работниците за нивно целосно информирање за опасностите и ризиците од изложеноста на Ковид 19 од страна на стручно лице , како и состанок со вработениот кој го прележал вирусот или бил во изолација поради изложеност ,пред да се врати на работа со цел да се утврди дали работникот може да ги работи дотогашните работни задачи заради одредени компликации по неговото здравје предизвикани од вирусот .

Да организираат преглед што е можно побрзо по враќањето на работа на вработениот кој прележал Ковид 19 бидејќи ова е законска обврска која произлегува од законот за Безбедност и здравје на работа.

Стручното лице за безбедност при работа, лекарот или службата за медицина, одделот за човечки ресурси и синдикалниот претставник на работниците да се вклучат во процесот на враќањето на работа на вработениот.

Преземањето на овие и други мерки по препорака на стручните лица за БЗР, како и унапредувањето на социјалниот дијалог во оваа област се повеќе од потребни доколку сакаме да го вратиме целокупното функционирање на компаниите и општеството во целост во нормала.

Работодавачот да обезбедни тековно веродостојно и сеопфатно информирање на вработените преку синдикалните претставници за придобивките и недостатоците од процесот на вакцинација.

Проценката на ризик на работното место да биде ажурирана следбено на најновата методологија за проценка на ризици од биолошки штетности публикувана од страна на група автори, а во издание на МЗЗПР

Да се пресмета ковид возраста на секој вработен за работодавачот да биде свесен за можниот тек на болеста кај секој од вработените и следбено на тоа да пристапи кон прилагодување на работниот процес и што е возможно помал импакт врз здравјето и животот на вработениот.

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Карбинци: Асфалтирање на делот од патниот правец с.Радање-с.Оџалија

0
Започнаа градежните активности и подготовка на теренот за асфалтирање на делот од патниот правец с.Радање-с.Оџалија со должина од 350м. Ги решаваме инфраструктурните проблеми на оние...