spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииСДСМСДСМ ја намали невработеноста на младите на 29 % ВМРО-ДПМНЕ ја држеше...

СДСМ ја намали невработеноста на младите на 29 % ВМРО-ДПМНЕ ја држеше на 42 %

ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите чаре бараа во странство и масовно се иселуваа во потрага по подобар живот.

СДСМ континуирано креира и реализира мерки и можности за младите во нашата држава, го поттикнува вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, го унапредува образованието и ученичкиот и студентскиот стандард.

Со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ стапката на невработеност на младите падна на 29 отсто, од 42 проценти, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење.

Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов седми пораз од граѓаните.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...