spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Работна средба на министерот Нуредини и амбасадорот на Финска Лахдервирта

МЖСПП: Работна средба на министерот Нуредини и амбасадорот на Финска Лахдервирта

Унапредување на соработката во областа на квалитет на воздух преку Финскиот Метеоролошки Институт и други релевантни експерти од финските институции надлежни за мониторинг на квалитет на воздух беше главната тема на која разговараа министерот Нуредини и амбасадорот Лахдервирта.

Министерот Нуредини презентираше информации за степенот на загадувањето од различни извори во сите сегменти на животната средина ( вода, воздух, бучава, почва, отпад) и за активностите кои министерството ги превзема водејќи се од обработените податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.

Финската технологија и искуства се повеќе од добредојдени во областа на управување со квалитет на воздух.

Амбасадорот Лахдевирта и неговиот тим, презентираа инструмент од финска компанија, имплементиран во повеќе од 150 држави, кој служи за следење и превенирање на аерозагадувањето. Амбасадорот истакна дека финските институции се спремни за поддршка на активностите на Министерство за животна средина и просторно планирање, се со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Република Северна Македонија.

Дополнително, амбасадорот изрази спремност за зголемување на економската активност помеѓу двете земји.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга,...

0
„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се...