spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКандидат за градоначалник на Кисела Вода

Кандидат за градоначалник на Кисела Вода

 

Левица  го обзнани својот кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода – Јулијана Штрковска Колариќ.

Јулијана е магистер по економски науки и долгогодишен овластен внатрешен ревизор во ЈП „Национална радиодифузија“, со работно искуство и во Македонската радиотелевизија, како и во Центарот за управување со кризи. Во својата професионална кариера има работено и како сметководител и проектант.

Нејзината борба е насочена кон: спречување на штетни политики, транспарентно и отчетно работење на локалната самоуправа, увид во трошењето на народните пари, лесен пристап до информациите од јавен карактер. Фокусот на работењето ќе и биде на политики за заштита на животната средина и одржлив локален раст и развој.

Повеќе за биографијата на Колариќ можете да најдете на овој линк.

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...