spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиССМПравната заштита во фокусот

Правната заштита во фокусот

На 3 септември 2021 година во ССМ, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски одржа средба со секретарите и координаторите од Регионалните синдикални претставништва и синдикални канцеларии на ССМ.

 

На средбата акцент беше ставен на бесплатната правна заштита која Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите статутарни определби ја обезбедува првенствено за своето членство.

 

Синдикалното членство во ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос пред се преку активностите на Секторот за работни односи, правна заштита и колективно договарање при ССМ и соодветните синдикати каде работниците членуваат.

 

Активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните претставници во 10 Регионални синдикални претставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во Синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод , Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).

 

Со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија технички опреми дел од регионалните канцеларии преку кој ССМ, обезбедува правна заштита на работниците.

 

Активноста се спроведува во рамките на кампањата ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот.

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...