Гевгелија: Современа медицинска апаратура за Општата болница- Гевгелија од Министерството за здравство

ОпштиниГевгелија: Современа медицинска апаратура за Општата болница- Гевгелија од Министерството за здравство

Најчитано

ЈЗУ Општа болница со проширерна дејност- Гевгелија доби два современи медицински апарати- мултифункционален ехо-кардиограф и мобилен рентген-апарат за потребите на здравствените услуги. Имено, двата апарата ги обезбеди Министерството за здравство, со средства од Светска банка. При скорешната работна посета на министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев на Општата болница- Гевгелија беше најавено дека до крајот на годината здраствената установа ќе добие и нов апарат за компјутерска томографија.
Како што истакна директорот на Општата болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев, се работи за медицински апарати со кои ќе се подобри и олесни дијагностиката на пациентите од општините за кои е надлежна болницата:
– Добивме софистициран мултифункционален ехо-кардиограф, со чие ставање во функција ќе може да се вршат ехо-прегледи на срце заедно со доплер на каротиди, ехо на абдомен како и на тироидна жлезда. Апаратот е од поновата генерација и е мултифункционален и веќе е ставен во употреба на Интерното одделение, изјави
Вториот апарат е мобилен рентген-апарат, кој примарно беше наменет за снимање на пациентите кои се хоспитализирани во КОВИД-Модуларната болница , но и покрај таа намена, бидејќи е подвижен, ќе може да се користи и за снимање на тешко подвижни пациенти на кое било Одделение во Општата болница.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе