spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Раззеленет уште еден маалски парк

Карпош: Раззеленет уште еден маалски парк

Засадени се 72 нови украсни растенија во маалскиот парк во урбаната заедница „Владо Тасевски“ спроти хотел „Карпош“. Имено, локалната самоуправа го комплетира изгледот на овој јавен простор кој се уредуваше во текот на летниот период.

Претходно беше засадена нова тревна површина на 2.000 м2, а поставен е и систем за наводнување со цел трајност на зеленилото и негова поголема функционалност.

Исто така, беа поставени и нови клупи за седење, а се обнови и детското игралиште кое се наоѓа во близина на паркот.

Овој маалски парк е лоциран меѓу неколку објекти за домување и тука граѓаните поминуваат дел од своето слободно време.

Оттука, потребата за уредување на овој јавен простор беше голема, со цел дополнително да се поттикне маалскиот живот и меѓугенерациска дружба.

Оваа сезона општина Карпош уреди уште еден маалски парк во Карпош 4, беа засадени 80 висококвалитетни дрвја во Спортско – адреналинскиот парк, а се подигнаа зелени површини и во други населби.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...