spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Поголеми плати во судството и обвинителството за поголема ефикасност и непристрасност

МП: Поголеми плати во судството и обвинителството за поголема ефикасност и непристрасност

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ на регионална онлајн дебата „Унапредување на финансиската независност во судството“, кажа дека финансиската независност во судството ќе придонесе за поголема ефикасност и непристрасност при делењето на правдата. Toj потенцираше дека за таа цел Владата дала согласност за етапно зголемување на примањата во правосудството.

-По повеќе години дебати со Здружението на судии, постигнавме договор и сериозен напредок во нашите разговори. Имено, со нив се договоривме дека, дури и во услови на светска здравствена и економска криза, Владата да даде согласност за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15%. Тие 15% од зголемувањето на платите на судиите ќе се одвиваат постепено, односно 10% оваа и 5% следната година. Ова зголемување на коефициентот во платите на судиите и јавните обвинители ќе има влијание и на платите на судските и јавнообвинителските службеници, истакна Маричиќ.
Министерот за правда кажа дека современиот судски систем, адаптиран на потребите на демократското општество е основата на владеењето на правото, правната сигурност и заштитата на човековите права и слободи.

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...