spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаИнтервју со Дарко Ристовски - Кандидат за градоначалник во Карпош

Интервју со Дарко Ристовски – Кандидат за градоначалник во Карпош

1. Кој е Дарко Ристовски?
Дарко е татко, сопруг, информатичар, спортист, активист и човек кој ја знае општината од Рузвелтова до Влае, од Козле, Трнодол и Нерези па се до Злокуќани и Бардовци. Дарко е карпошанец кој целиот свој живот твори и живее низ и во Карпош. Таа љубов кон Карпош не е случајна бидејќи и мојот дедо и татко, а сега и моите деца растат и се развиваат тука.

2. Што ве мотивираше да се кандитирате за Градоначалник?
Мојот мотив е револтот кој го гледам секојдневно кај моите сограѓани и немоќта да направат промени за подобро. Јас сакам да дадам позитивен пример дека има многу причини за да имаме верба во промени за подобра иднина.
Досега гледавме само самоволие на сегашните и претходните владејачки гарнитури и нетранспаретност во носењето на одлуките кои се погубни и неквалитетни, а лошите одлуки се одразуваат директно на квалитетот на животот на граѓаните на оштината..

3. Кои се вашите цели и заложби за Општина Карпош?
Ослободување и демократизација на локалната самоуправа. Вклучување на граѓаните и локалните активисти во процесот на креирање политики и проекти на општината Системска борба против урбаната мафија преку ревизија на сите спорни ДУП-ови, како и забрана за продажба на државно/општинско земјиште
Посветено работење на зазеленување на општината и враќање на сјајот на Карпош кој сите ние го знаеме.

4. Дали очекувате поддршка од гласачите на другите политички партии
Очекувам секој граѓанин на нашата општина да препознае вистинска идеја и искрени намери и конечно да го дадат гласот за кандидат кој не е извалкан од претходните политички гарнитури.
Жителите на нашата општина никогаш не ги гледам како гласачи од една или друга партија туку како слободоумни и свесни граѓани кои сакаат да видат дека во општинската зграда и вон неа, постои човек кој ќе излезе и ќе се заложи да ги реши нивните проблеми и да им го подобри квалитетот на живот.

5. Која е вашата порака до жителите на Општина Карпош?

Сега е времето конечно да направиме нешто повеќе за себе и своите блиски. Сега е време да им кажеме НЕ! ДОСТА Е!. Сакаме модерна општина со големи паркови, зеленило на секој чекор и регулиран сообраќај, каде што родителите нема да се плашат за животот на своите деца. Општина која се стреми да се развива на одржлив начин, а притоа да не го уништувал тоа што со децении е градено и создавано од нашите предци. Да се потсетиме дека има поважни работи од брутална градежна експанзија и иљадници нови станови кои само го уназадуваат квалитетот на живот.

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...