spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииИден градоначалник на Кавадарци до забрзан напредок и развој

Иден градоначалник на Кавадарци до забрзан напредок и развој

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски завчера во Кавадарци учествуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на коалицијата предводена од СДСМ Горан Тодоров.

Со Тодоров, во Кавадарци излегуваме со најдобрата понуда за вашата општина, понуда која заедно со програмата и советничката листа ќе обезбеди забрзан напредок и иден развој на овој важен град во Повардарието, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека работите се менуваат на подобро, во целата држава и тука во Кавадарци инвестиравме многу и во инфраструктурата и во земјоделството, во здравството, во детската заштита и образованието.

Во овие четири години покажавме дека имаме храброст и визија за патот на напредокот по кој треба да се движиме. Преку упорност и визија ги реализиравме стратешките интереси, денес сме самостојна држава земја членка на НАТО.

Денес, додаде Спасовски сме едно општество кое дава еднаква шанса за сите, како влада инвестиравме во сите општини без да има каква било поделба, така беше и со Кавадарци кој никогаш не беше игнориран или заборавен град.

Низ партнерски однос со лозарите, ги решивме нивните проблеми кои се провлекуваа со години, како што беа долговите за предадено, а неплатено грозје од приватните винарии. Ги зголемивме и субвенциите, а со неповратни средства помогнавме на млади земјоделци и жени земјоделки, истакна Спасовски.

Тој наведе дека над 5,7 милиони евра се инвестирани во 36 километри патна инфраструктура, а се вложуваше и во комуналната инфраструктура, во нови водоводи и канализации.

Овде во Кавадарци ги реновиравме Одделението за управни работи и ОВР Кавадарци, а досега за четири години реновиравме 60 објекти на МВР.

Бидете сигурни дека СДСМ победува во најголем дел од општините, победува и овде во Кавадарци.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте