spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаИнформација за пожарот во КОВИД центарот во Тетово

Информација за пожарот во КОВИД центарот во Тетово

Министерството за здравство информира дека во вчерашната несреќа при пожар во КОВИД центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.

Во КОВИД центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...