spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииРаботите се менуваат на подобро, Поцков е најдобрата понуда за Гевгелија

Работите се менуваат на подобро, Поцков е најдобрата понуда за Гевгелија

Потпретседателот Фатмир Битиќи завчера вечер беше дел од промоцијата на кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, Сашко Поцков.

Пред присутните Битиќи истакна дека работите се менуваат на подобро како во Гевгелија така и низ целата држава, а сето тоа е препознаено и од граѓаните.

– На 17ти октомври Гевгелија ќе има лесна задача, а тоа е да избере кандидат кој си ја сака општината и се грижи за своите сограѓани, Сашко Поцков е тоа за Гевгелија. Во претходниот мандат тоа го докажа, со дела, тоа ќе продолжи и во следните 4 години. Овде во Гевгелија напрвено е многу и од локалната и од централната власт предводени од СДСМ, Индустриската зона во Гевгелија ќе заживее и во неа е планирано да почнат со работа 15 нови инвестиции со работни места кои се високо платени, порача Битиќи.

Битиќи посочи дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да работи со и за граѓаните, за да обезбеди развој и напредок на секоја општина.

– Со засукани ракави, раце полни работа и срце со љубов за татковината. Така се работи, така се успева, така ќе го добиеме најдоброто за нашите општини, заклучи потпретседателот Битиќи.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...