Локалната самоуправа е многу значајна во развојот на една држава, Европа се темели на локален и регионален развој, за жал кај нас не е така, изјави поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеник и градоначалник, Коце Трајановски на настанот организиран од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“ што се одржува во Битола.
Трајановски посочи дека секогаш кога е СДСМ на власт, па така и сега локалниот развој е во застој, општините стагнираат и тонат во долгови, а парите завршуваат на непрофитабилни работи, само не кај граѓаните и за развој на општините.
– Во 90-тите се укинаа сите ингеренции на општините, Македонија стана една од најцентрализираните држави, општините станаа месни заедници, им се земаа урбанизам, финансии, се она што значеше развој и добиваа минимална дотација од државата. Со новиот закон за територијални организации од 2005 година кога СДСМ беше на власт се прекрши Европската повелба за локална самоуправа и ги измени границите на општините без согласност од самите општини и граѓани, но со минималните приходи за општините јасно дадоа до знаење дека СДСМ не сакаше да има локална самоуправа и развој во Македонија, рече Трајановски.
Тој истакна дека во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде централната власт, го намали ДДВ-то на општините, се простија каматите, а долговите на јавните претпријатија се даде да се отплаќаат со грејс период од 3 години и уште 10 отплата со што тие почнаа нормално да функционираат.
– Се вратија сите долгови на училиштата, се вратија долговите на општините и почнавме нормално да функционираме. Се донесоа закони со кои се зголемија изворните приходи на општините, како на пример продажбата на градежно земјиште 80% од парите да одат кај општините, закон за минерални суровини, закон за закуп на земјоделско земјиште, грантови и тоа беше знак дека ВМРО-ДПМНЕ размислува за локалната самоуправа и да се подобрат условите на општините, изјави Трајановски.
Трајановски нагласи дека сето тоа траеше до 2017 година кога СДСМ и за овие 4 години ништо не направија за подобрување на локалната самоуправа, немаат ниту еден закон за да ги зголемат приходите на општините за тие да бидат постабилни,.
– Општините сега се во долгови, а парите одат кај невладини, манифестации, непрофитабилни и несоодветни инвестиции, од кои граѓаните не гледаат корист. Единствено вработуваат партиски луѓе. Македонија со СДСМ огромен застој во локалната самоуправа и затоа мора да се избориме да победи ВМРО-ДПМНЕ за да почнеме да работиме локалната власт да добие значење и да се подобрат условите за живот во секое населено место и општина, рече Трајановски.
Извор: ВМРО ДПМНЕ