Оперативата на градежната фирма Градба Промет започна со асфалтирање на ул.Блажо Алексов.
Асфалтирањето се врши во два слоја на површина од 3900 метри квадратни. Претходно, согласно истиот проект беа поплочени и тротоарите на истата улица со површина од 2150 метри квадратни. Финансиската вредност на овој проект е 9 милиони денари.
Извор: Општина Кавадарци